Овие 4 работи мора да ги знаеш до четвртиот „дејт“!
Овие 4 работи мора да ги знаеш до четвртиот „дејт“!
Провери дали си сигурен / сигурна околу овие работи, доколку сте се виделе веќе три пати и планирате четврт „дејт“... Нема зошто да одите на „дејт“ со некој / а доколку се чувствувате неудобно во негова / нејзина близина. Ова сигурно веќе го знате, но еве што би требало да знаете пред четвртиот „дејт“:
# Уживаш во нејзино / негово друштво – биди сигурен / сигурна дека навистина ти е убаво со неа / него. Доколку треба премногу да размислуваш околу тоа што треба да зборуваш, а што не или пак како да се однесуваш, тогаш тоа не е тоа тоа.
# Ќе биде ли тука во блиска иднина – мислиме на тоа дали ќе остане во истиот град или држава. Доколку има во план да замине некаде, тогаш мораш да бидеш свесен / свесна дека сето тоа е кратка авантура.
# Постои ли хемија на „подолги патеки“ – можеби веќе сте го поминале она почетно допаѓање, но сега е време да се забрашате дали би можеле да функционирате во иднина! Само вака ќе дознаете дали станува збор за краткотрајна симпатија или пак за нешто посериозно.
# Сакате ли исти работи – доколку таа / тој сака авантура, а ти сериозна врска, тогаш е многу јасно дека желбите и потребите не ви се совпаѓаат. Многу е важно да бидете сложни кога ова прашање е отворено, бидејќи нема да биде возможно да бидете заедно.