Овие хороскопски знаци кои се вистински експерти за попусти
Јарец
Јарците с емногу систематични купувачи. Доколку наумат нешто да си купат, тие претходно ќе направат детално истражување и нема да се откажат додека не ја пронајдат најдобрата понуда. Тие се држат до она дека паметниот купувач не се води по нагоните, туку детално го анализира пазарот за посакуваниот производ да го најде на намаление. Секако, притоа користат и различни купони, вредносни картички и попусти. Тие едноставно не веруваат во купување на производ по регуларна цена.
Бик
Еве неколку работи во врска со Бикот: тој нема да купи нешто само затоа што е евтино. Имаат прекрасен вкус и сакаат квалитетни предмети од висок ранг, па со задоволство се одлучуваат за играта на чекање. Бикот знае дека се има своја сезона и дека секогаш постои распродажба, дури и доколку тоа се случува само еднаш годишно. Овој хороскопски знак секогаш ќе биде подготвен за акциските понуди за „Блек фрајдеј“. Тие се секогаш подготвени.
Лав
Лавовите живеат за ценкање и во тоа просто уживаат во овој за многумина напорен ритуал. Покрај тоа, припадниците на овој знак се склони кон тоа да подаруваат на своите сакани, а особено ги радува кога совршениот подарок ќе го пронајдат по многу ниска цена. Тие ги знаат сите тајни кодови, ја следат продажбата и се способни за момент да пронајдат понуда која нуди подобра вредност за парите. Можеби се неверојатно богати, но тие секогаш ќе пробуваат да ја пронајдат најдобрата зделка.
Овен
За Овните купувањето би можело да биде олимписки спорт во кој би можеле да остварат врвни резултати. Можеби нема да ги видите како кампираат пред продавниците, но еднаш кога ќе влезат во нив се незапирливи. Внимавајте кога Овенот шпиунира нешто што сака по ниска цена, бидејќи нема да престане додека не го добие тоа. Многу се одлучни и сакаат да победуваат, особено кога во понудата е последниот артикл.
Девица
Кога станува збор за пронаоѓање на предмети по најполни цени, Девицата професионалец. Подготвени се да вложат време во пронаоѓањето на најповолни понуди, а доколку не може веднаш да добијат нешто, способни се да чекаат додека тоа не биде достапно, бидејќи имаат фантастична контрола на имплусот. Добра работа за нивните блиски е тоа дека се склони со задоволство да ги споделуваат своите способности за пронаоѓање на поволни понуди со другите. Девиците се посебно горди кога ќе допијат подобра цена од сите останати, па го обожуваат ценкањето.