Овие хороскопски знаци се болно љубоморни: Дали и твојата симпатија е помеѓу нив?
Некои се љубоморни поради сопствената несигурност, а некои имаат сосема други мотиви.
Magic Horoscope направи листа од 4 – те најљубоморни хороскопски знаци. Провери дали ти или можеби твојата симпатија се вбројува во оваа листа.
# Близнаци – тие се еден од најсилните знаци во зодијакот, а со самото тоа и најљубоморни. Но, тие со својата љубомора всушност ја рефлектираат сопствената несигурност на другите. Тоа што тие го прават и тоа од што тие се плашат се рефлектира и на нивниот партнер, што всушност знаци дека се подготвени да го обвинат својот партнер/ка за нешто што тие го направиле (или за нешто што се подготвени да направат). И врската со нив понекогаш може да биде вистински пекол.
# Лав – тие се љубоморни првенствено зошто се несигурни во себе. Иако тоа звучи чудно за наизглед самоуверените и силни Лавови, многу од нив во себе ја кријат длабоката несигурност која на виделина излегува како љубомора кон партнерот/партнерката. Исто така, се склони да се споредуваат со другите, поради што често да сакаат нешто што го имаат другите, а доколку нне го добијат тоа некоја причина, може да станат многу љубоморни на тие луѓе, на кои се „угледуваат“.
# Скорпија – тие не веруваат на другите и поради тоа се љубоморни. Тие во врска секогаш ги замислуваат најлошите сценарија, постојано се на работ и размислуваат за тоа како партнерот/партнерката ги изневерува кога не се во нивна близина, а сето тоа е поради тоа што се премногу опсесивни околу се за што им е грижа. Истата е и ситуацијата во врските. Кога ќе се заљубат, ја сакаат таа личност само за себе, секогаш и секаде. Поради тоа врската со нив понекогаш е маѓепсан круг од обвинувања, а тоа никој не го сака...
# Јарец - често не се задоволни од сопствениот живот па го сакаат она што го имаат другите, поради што се силно љубоморни. Иако се најмалку љуборни од сите четири знаци од листата, тоа не ги прави подобри од другите. Тие самите себе се заплеткуваат во мрежа од размислувања за тоа што би било кога би било и како би им изгледал животот да имаат нешто подобро, поинакво, туѓо... Всушност тука најмногу си штетат на самите себе, бидејќи во ниту една врска не може да опстанат од своите опсесивни мисли...