Овие приказни за проколнатите куќи се поморничави од сите хорори!
Проколнатите куќи се една од најголемите инспирации за снимање хорор филмови, а ние пронајдовме неколку чии што приказни сериозно ќе ве уплашат!
# Franklin Castle – оваа куќа се наоѓа во американската сојузна држава Охајо, а приказната зад неа е прилично застрашувачка. Легендите кои кружат за овој наводно проколнат дворец се воглавно поврзани со мистериозната смрт на членовите на семејството Tiedemann, а таму, како што се зборува, се пронајдени коските на децата, а убиството е направено со секира, пишува CountryLiving. Денес од надворешната страна стои натпис „приватна сопственост“. Иако, не знаеме кој воопшто би се осмелил да влезе внатре во куќата.
# The Villisca house – во оваа куќа живееле Sarah и Josiah Moore, кои брутално се убиени за време на ноќта на 10 јуни 1912 година. Нивните четири деца и двајца пријатели, кои преспале кај нив, исто така се убиени, а убиството до ден денес е мистерија. Оваа куќа се смета за една најстрашните, а стана голема атракција што луѓето плаќаат повеќе од 400 долари за да преспијат една ноќ, пишува HouseBeautiful. „Сепак, спиењето го прекуваат детски вресоци, паѓање на лампи, поместување и летање на предметите во куќата“ – пишува на официјалната страна на оваа куќа.
# The Sallie House – ова е едно од ние куќи чија што приказна ја знаат сите во Америка, а ја нарекуваат една од најпроколнатите места во земјата. Во неа еднаш живеел лекар, кој овде правел операции. Меѓутоа, за време на една умрела девојка со име Sallie, а нејзиниот дух наводно живее во куќата. Кога новото семејство се доселило во куќата во 90-тите, наводно духот на девојчето почнал да се однесува чудно, им фрлал слики, играчки и уреди низ куќата, но кога повикале експерт за духови, семејството дознало дека не станува збор за духот на девојчето, туку за дух на средновековна жена која ги прави овие работи. За кој и да се работи, ова е навистина застрашувачко место.