Овие три хороскопски знаци во мај ги очекува голема среќа во љубовта!
Нив ги очекуваат врели страсти и романтични изненадувања.
Овен
Според положбата на ѕвездите, мај ќе биде особено наклонет кон Овните, а тоа најмногу ќе се почувствува по возбудливиот љубовен живот. Слободните припадници на знакот ќе бидат главни на сите случувања, каде што никој нема да може да одолее на нивниот шарм. Токму тогаш ќе имаат прилика да запознаат личност која ќе внесе промени во нивниот живот.
Иако во нивниот живот ќе се појават голем број луѓе, имајте в предвид дека ќе се појави и поранешната љубов, по што ќе следи искрен разговор. Решете го тоа и продолжете понатаму.
Девица
Мај ќе биде многу бурен за Девиците, внесувајќи ново возбудување во нивниот живот. Промените ќе се одразат на слободните Девици, но и на зафатените. Додека зафатените конечно ќе го решат прашањето за заеднички живот со партнерот, слободните Девици со својата енергија ќе го шармираат спротивниот пол, на секој чекор. Ѕвездите сепак предупредувааат да не флертуваат премногу, туку да се фокусираат на личноста која ги исполнува нивните критериуми.
Риби
Романтичните Риби ќе уживаат во мај, токму поради тоа што сите случувања им одат во корист. Преку препуштање и позитивен пристап кон животот, припадниците на овој знак ќе можат да ја најдат својата сродна душа. Слушајте го срцето и не барајте замерки. Постои можност партнерот да го запознаете на некое кратко патување. За разлика од слободните, зафатените Риби ги чека нешто помирен период, создаден за уживање со саканата личност.