Овој викенд голема среќа за неколку знаци
Овен
Викендов ќе имате можност да направите преглед на
вашата врска со личноста која игра важна улога во вашиот живот - родител,
партнер, дури и работодавач. Тешко е да се каже какви заклучоци ќе донесете, но
ако може да се даде некоја препорака, треба да се даде приоритет и да се донесе
максимална јасност во вашата врска.
Бик
Викендов, поради желбата да се наметнете себеси во
односите со најблиските, може да се воспостави кревка хармонија. Ќе избегнете
проблеми ако разговарате за вашите заеднички вложувања со луѓето околу вас и
ако посветите поголемо внимание на другите. Воодушевување и изненадувања ве
очекуваат во љубовта.
Близнаци
Доколку викенодв имате испланирано нешто што се
однесува на друга личност, би било добро да ја добиете неговата/нејзината поддршка
и да бидете сигурни дека ќе погледнете во иста насока.
Рак
Викендот е одличен за романтични состаноци и
искуства - вашиот сакан може да ве изненади или да запознаете нова љубов. Дури
и ако не сте на љубовен бран, напуштете го домот и бидете меѓу луѓето -
комуникацијата многу добро ќе влијае на вас.