Озборувањата се сѐ погласни: Се верија ли Том Холанд и Зендаја?

Озборувањата се сѐ погласни: Се верија ли Том Холанд и Зендаја?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Еден од најпопуларните холивудски парови ги поттикна озборувањата околу веридбата, но уште ништо официјално нема објавено. Парот со еден ситен детаљ ја размрда фантазијата на обожавателите и ги поттикна нагодувањата.

Том Холанд и Зендаја, по теориите на обожавателите се верени! Парот не сака да споделува детали од приватниот живот, па уште ништо нема потврдено. Дека наскоро ќе го кажат судбоносното „да“, обожавателите заклучија по еден ситен детаљ. Имено, тие забележаа дека актерката ја крие раката на фотографиите, а како што сметаат, тоа е поради тоа што можеби го крие вереничкиот прстен.

Двојката се запозна во 2016 година на сетот на филмот „Spiderman Homecoming“ во кој глумеа заедно, а врската ја потврдија дури во јули 2017 година. Беа фотографирани додека се бакнуваат во автомобил, па така почнаа да ги поврзуваат.

Парот не сака да споделува детали од својата врска, а сега Том призна дека му пречи кога медиумите пишуваат за неговата врска со ѕвездата на „Еуфорија“. Во едно интервју дури кажа:

„За моментот кој мислиш дека се случува помеѓу двајца луѓе кои се сакаат, тој момент е нешто што го споделуваш со целиот свет“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: