Панчо ДНК е решен да израдува една тинејџерка: Подарува фризура и шминка за матурантка - ќерка на самохрана мајка

Панчо ДНК е решен да израдува една тинејџерка: Подарува фризура и шминка за матурантка - ќерка на самохрана мајка

Објавена во: Совети // Другарство

На светот му се потребни повеќе луѓе како Панчо...

Панчо од дуото ДНК е човек кој кога може и колку може секогаш се труди да помогне, па така и овој пат во пресрет на матурите на своите социјални мрежи откри дека ќе подари фризура и шминка на девојка која годинава ќе е матурантка, а која не може да си го дозволи тоа. Односно како што напиша тој во објавата предност имале девојките кои се одгледани од самохрани мајки.

Инаку, пејачот го откри и фризерот кој ќе ја подготвува девојката и за него не штедеше зборови: „Инаку шминката и фризурата за матурската вечер ќе биде направена од според мене најдобриот македонски шминкер и фризер Даниел Николовски кој без двоумење ја прифати мојата идеа и притоа додаде дека девојчето кое ќе отиде кај него ќе направи да блеска на нејзината матурска, а јас воопшто не се ни сомневам во неговите вешти и магични раце“.

Целиот негов пост ви го пренесуваме во целост:

„Драги мои.

Полека набилжуваат матурските прослави кои се еден од омилените и позначајни денови на тинејџерите. Со оглед на ситуацијата и општеството во кое живееме знаеме дека не секој може да си дозволи шминка и фризура за својата матурантка па оттука Панчо реши да подари и комплетно да ја подмири потребната сума за шминката и фризурата на некоја самохрана мајка која не може да го обезбеди тоа за својата ќерка.
Нема потреба да се срамите и слободно пишете во инбокс, а дискрецијата ви е загарантирана. Инаку шминката и фризурата за матурската вечер ќе биде направена од според мене најдобриот македонски шминкер и фризер Даниел Николовски кои без двоумење ја прифати мојата идеа и притоа додаде дека девојчето кое ќе отиде кај него ќе направи да блеска на нејзината матурска, а јас воопшто не се ни сомневам во неговите вешти и магични раце. 

Би ве замолиле само да го споделите постот или препратите до оној кому знаете дека навистина му е потребно. 

Приоритет имаат самохраните мајки.
Ви благодарам однапред.
Ваш Панчо“.


Фото: Вангел Тануровски

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: