Патиките ги носиш без чорапи – после ова повеќе нема да го правиш ова!
Следниот пат кога ќе посакаш да облечеш патики или чевли без чорапи, прочитај го ова!
Носиш патики без чорапи? Во ред, ова не е никаква драма, но лекарите и експертите тврдат дека тоа и не е баш најпаметна идеа, пишува Her.
Имено, податоците покажуваат дека во последно време, поради не носење на чорапи, кај повеќе луѓе се јавуваат габични инфекции на стапалата, а особено на мажите.
Педијатрите од Факултетот за педијатрија за Telegraph објаснија дека им се јавиле повеќе луѓе со овој проблем, а освен оние кои не носат чорапи на патики, им се јавува и на оние кои носат лоши чевли поради кои им се случува овој проблем
„Во зависност од тоа колку ви се потат нозете, може да дојде до наведените проблеми поради преголема влажност на стапалата, а тогаш се јавуваат гадни габични инфекции и воспаленија“ – објаснуваат.
Кога ногата се поти во патики или чевли без чорапи кои би го впивале вишокот пот – габичните инфекции се јавуваат уште побрзо. Се надеваме дека ова ви е доволна причина, следниот пат задолжително да облечете чорапи.