Пее за предавството и очајот: Били ја објави песната за Бонд филмот

Пее за предавството и очајот: Били ја објави песната за Бонд филмот

Објавена во: Stars // Музика

Били стана најмладиот музичар кој некогаш напишал песна за некој Бонд филм.

Американската поп пејачка Били Ајлиш ја објави насловната песна за најновиот филм за Џејмс Бонд „No Time To Die“.

Четириминутната балада, која зборува за предавството и очајот, е објавена точно на полноќ, а ја напишаат Били и нејзиниот постар брат Финијас, пренесува Ројтерс.


Песната е обајвена на Јутјуб и на другите канали за симнување на музика.

Ајлиш со оваа песна воедно стана и најмладиот музичар кој некогаш напишал песна за некој филм за Џејмс Бонд.

Пред неа, музиката за филмовите за прочуениот таен агент ја правеа Адел, Мадона, Пол Мекартни, Тина Тарнер.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: