Пееше на детската Евровизија, а „Макфест“ и овозможи соработка со Тарабунов!
Сигурно се сеќавате на Барбара Поповиќ, девојката која пред скоро 7 години ја претставуваше Македонија на Јуниорската Евровизија. „Охрид и музика“ беше песната со која оваа млада надеж се престави пред европската публика.
Неколку години по Еврозијата на некој начин се повлче од јавноста, а минатогодишниот Макфест повторно ја врати на сцената. „Не си ти крив“ е песната со која таа се претстави пред штипската публика, а набрзо по овој реномиран фестивал, направи и неколку кавери на стари македонски поп песни со пејачот Александар Тарабунов.
Барбара денес е вистинска убавица и е подготвена да ги освои македонските љубители на поп музиката. Во продолжение погледнете како изгледа денес.