Пееше на Евровизија, има дует со Панчо, а од нова музика ни трага ни глас: Што прави денес Сара Маркоска?

Пееше на Евровизија, има дует со Панчо, а од нова музика ни трага ни глас: Што прави денес Сара Маркоска?

Објавена во: Stars // Музика

Сара Маркоска во 2009 - тата година ја претставуваше Македонија на Јуниорската Евровизија. Тогаш на големата евровизиска сцена во Киев, Украина пееше „За љубовта“. Иако на оваа најголема музичка манифестација заврши како последна, Сара не се откажа од музиката.


Три години подоцна, поточно во 2012 година ја освои штипската публика и го освои првото место на реномираниот македонски фестивал „Макфест“. Со својата балада „После него“ ги надмина Тамара Тодевска и Биба Додева, кои завршија како второ и третопланисирани.


По неполна година на Сара и се случи уште една голема соработка. Имено, таа сними дует со Панчо од дуото ДНК. „Зелено светло“ во 2013 година беше хит на многу македонски радија.


По ова таа како да се повлече од сцената и во музиката очигледно е дека ужива само приватно. Моментално по она што може да го видиме од нејзините фотографии на Инстаграм, Сара се наоѓа во Соединетите Американски Држави.

Изминатата недела го прослави и својот 25 роденден, а своите следбеници на Инстаграм ги почести со неколку фотографии од нејзината прослава.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: