Пејачите, манекенките и актерите паѓаат во втор план кога е таа тука: Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи е тема на денот по „Супербоул“
Девојчето кое носи име по билката која нејзините родители ја виделе на брегот на Јадранското море веќе е ѕвезда која руши светски рекорди...
Во Феникс вчера се одржа финалето на „Супербоул“, во кое играа Канзар Сити Чифси и Филаделфија Иглс, а како што обично се случува - спортот следниот ден паѓа во втор план.
Покрај спектакуларниот настап на пејачката од Барбадос, Ријана, која во текот на мини-концертот покажа дека е повторно бремена, вниманието го привлекоа и голем број познати личности. Помеѓу нив беше и раперот и продуцент Џеј Зи, кој во натпреварот уживаше во друштво на ќерката Блу Ајви (11), а денес сите медиуми пишуваат дека Бијонсе има достојна наследничка.
фото: ProfimediaДевојчето кое секогаш кога ќе се појави со своите родители привлекува огромно внимание, па дури и ако станува збор за гламурозни настани како Греми, е вистинска копија на својата мајка. Таа изгледа многу тренди во дуксер и долга маица, а многумина забележаа дека е модно усогласена со нејзиниот татко.
Блу Ајви е родена на 7 јануари 2012 година, а медиумите пишуваа дека името го добила по синиот бршлен од хрватскиот остров Хвар, каде неколку месеци порано, бремената Бијонсе позираше токму под ова дрво.
CURIOSIDADE: Em uma parte do novo trailer de #BLACKISKING, Beyoncé relembra um dos motivos do nome de Blue Ivy.
— ؘB.A. Fan Account (@bey_access) July 19, 2020
Durante suas férias e gestação em 2011, B encontrou uma rara árvore azul enquanto caminhava por Hvar, cidade na Croácia. pic.twitter.com/HVwfqt1HB2
Иако е уште дете и не се занимава сериозно со шоу-бизнисот, Блу Ајви Картер веќе може да се пофали со успеси какви што немаат ни некои од најголемите имиња во светот на музиката. Само два дена по нејзиното раѓање, Џеј Зи ја објави песната „Glory“, во која се слуша гласот на девојчето, а тоа ѝ донесе и еден светски рекорд во Гинисовата книга на рекорди - Блу Ајви е најмладата личност чиј глас во песна заврши на топ - листата на Билборд.
Кога имаше 3 години, се појави како дел од хорот во песната „Up&Up“ на бендот Колдплеј, а на 8 години ја испеа песната „Brown Skin Girl“, за што доби многу признанија, вклучувајќи ја и BET наградата. Читаше и една аудио книга, за што се шпекулираше дека можела да ѝ донесе и Греми, кој го доби за песанта „Brown Skin Girl“, а повеќе пати имавме можност да ја гледаме во спотовите на Бијонсе.
Кон крајот на јануари 2023 година, настапуваше со својата мајка на нејзиниот приватен концерт во Дубаи, а Бијонсе на својот спортски бренд за облека му даде име токму по своето најстаро дете - Ivy Park.
Beyonce and the Daughter Blue IVY Perform at Dubai...
— HustleMoney (@ScrapCitty) January 23, 2023
Thank Beyonce pic.twitter.com/Immiirr0Lr
Блу Ајви има само 11 години, но веќе има имиџ на личност која умее да се однесува во светот на познатите, а уште се памети моментот кога ги смируваше родителите на едно доделување на награди, бидејќи беа премногу ентузијастички додека им аплаудираа на колегите.
фото: ProfimediaWhen #BlueIvy has to tell her mom #Beyonce that she ain't got time for all that clapping & sh*t #CalmDown #Grammys pic.twitter.com/2obC3t8r6s
— Lauren JNel (@LaurenJNel) January 29, 2018