Пејачката Александра Јанева порача: „СРЦЕ ОТВОРИ, дојди ми ти, дојди ми ти“!
Како што вети во интервјуто за нашиот портал, младата пејачка Александра Јанева, денес ја објави својата нова песна, насловена „Срце отвори“.
На овој емотивен текст се потпишува веќе докажаниот Огнен Неделковски, а на музиката и аранжманот Панче Касапски и Иле Спасев.
На големо изненадување, оваа песна има побрз ритам, а истата доби и видео запис. Како изгледа новата аудио и визуелна приказна на Александра, погледнете во продолжение!