Пекол во училиште: Камерите снимиле што му направила учителката на глуво девојче (ВИДЕО)
Учителка во училиштето за глуви Св. Рита во Охајо фрлила 9-годишно девојче на под...
Мајката на детето од управата на училиштето слушнала дека станува збор за „помал инцидент“. Инцидентот е снимен од надзорните камери и е објавен на Интернет.
Надбискупијата која раководи со училиштето ја сустендирала учителката и го истражува случајот.
Евендејл е мал град во близина на Синсинати, Охајо, САД. Училиштето за глуви, Св. Рита досега имало многу добра репутација. Инцидентот, кој „Дејли Мејл“ опширно го опиша, сепак може значително да ја наруши таа репутација.
На социјалните мрежи се појави шокантно видео на кое учителка од училиштето, ја фрла на под 9-годишната ученичка. Видеото се замрзнува токму во моментот на најверојатното фрлање, па не е јасно што точно се случило. Во еден момент, сепак, детето е во рацете на наставничката, а потоа лежи на подот пред нозете на друга наставничка која минувала. Човекот изгледа изненаден од целата случка, а учителката Кети Жирар си заминува, бришејќи ја прашината од рацете.
Девојчето е глуво, но по враќањето дома ѝ кажало на својата мајка што се случило, користејќи го знаковниот јазик. Алексис Велс го контактирала училиштето. Како што тврди, не била сфатена сериозно, а управата ѝ кажала дека се работи за „помал инцидент“.
„Дејли Мејл“ не наведува како видеото од надзорот завршило во рацете на мајката. Како и да е, жената го објавила видеото на Фејсбук. Алексис Велс, исто така, објави дека нејзината ќерка е повторно на училиште и под грижа на друга учителка. Од друга страна, Кети Жирард е суспендирана.
Надбискупијата во Синсинати, која е одговорна за училиштето, се зафати со ова прашање.
„Инцидентот се случи неделава во училиштето Св. Рита. Тоа беше пријавено кај локалните органи за спроведување на законот. Во овој момент случајот е под истрага“ - се наведува во соопштението.
Засега никој не одговара на новинарските прашања дали учителката ќе добие отказ.
фото: Принтскрин / Фејсбук