Пепелашка од Пендлтон: Девојка немала пари да си го купи омилениот фустан за матура, тогаш се случило вистинско чудо

Пепелашка од Пендлтон: Девојка немала пари да си го купи омилениот фустан за матура, тогаш се случило вистинско чудо

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Матурантката никако не можела да си го дозволи фустанот што го сакала за матурската забава, а сето тоа го слушнал еден надарен млад човек кој се одлучил за необичен потфат.

Неколку месеци пред да го одигра првиот танц на последниот ден од средното училиште, матурантка од Пендлтон Хајтс, Ади Руст, се вљубила во прекрасен фустан. Но тој бил прескап за нејзинот џеб. За нејзина среќа, таа имаше неверојатно талентиран пријател.

Откако му кажала дека фустанот од соништата и бил прескап, Ади на шега му предложила на нејзиниот пријател и партнер за матура, Паркер Смит, да и направи еден.

Паркер прво се насмеал, а потоа помислил дека навистина може да направи еден таков. И покрај тоа што никогаш во животот немал сошиено ништо, тој ѝ рекол: „Знаеш што, мислам дека би можел да ти направам фустан за матура“.

Со совети му помогнала неговата баба, но тој го изработил најголемиот дел.

Паркер поминал месеци усовршувајќи го фустанот се до денот пред матурската вечер! Целата негова напорна работа се исплатела кога го видела Ади како го носи.

Таа се чувствуваше како принцеза додека се вртеше во ремек-делото инспирирано од Пепелашка, кое испадна многу подобро од фустанот што не можеше да си го дозволи.

Луѓето беа воодушевени од неговата прекрасна креација.

Не долго откако двајцата ги споделија своите матурски фотографии, внимателниот гест на Паркер стана вирален. Луѓето беа воодушевени од неговата прекрасна креација, особено ако се земе предвид дека тоа беше неговиот прв проект за шиење!

Дури и го привлече вниманието на Боб Харбин, поранешен директор на кастинг за FOX и директор на продукцијата на „Пепелашка“ во Footlite Musicals, театар за изведувачки уметности во Индијанаполис. Тајмингот не можеше да биде посовршен бидејќи тој бараше костимограв.

Паркер сè уште не ни дипломирал, а веќе е на добар пат да го оствари својот сон како костимограф на Бродвеј. А многумина со нетрпение чекаат да видидат со каков дизајн ќе изненади следен пат!


Фото:Twitter/novizivot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: