Песна наместо торта: Александра Јанева 25 - ката ја одбележа со роденденски кавер

Песна наместо торта: Александра Јанева 25 - ката ја одбележа со роденденски кавер

Објавена во: Stars // Музика

Вчерашниот ден целото внимание беше насочено кон неа. Имено, пејачката Александра Јанева вчера го прослави денот на своето раѓање. Иако карантинот ја спречи да организира роденденска забава и да ги дувне 25 - те свеќички на тортата, таа пронајде начин како да одбележи овој ден.

Наместо да прима подароци, таа одлучи да ги почести своите обожаватели и пријатели со песна. Ја отпеа дуетската песна на Џастин Бибер и Ариана Гранде „Stuck With U“, а со оглед на нејзините вокални квалитети, Бибер воопшто не и беше потребен.

„Годинава песна наместо торта. Мирна, среќна и распеана 25-ка дома. Благодарам на сите!“ - напиша пејачката покрај видеотo.

Може да ве интересира:

Откритие во полициски час: Александра Јанева сподели од кој го има наследено талентот

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: