Пет изуми за кои не сте знаеле дека се на Никола Тесла
Никола Тесла се смета за еден од најголемите, а воедно и најмалку признаени иноватори на сите времиња. Како и многу други научници и иноватори, така и Тесла своето признание го добил дури по смртта. Погледнете некои од најважните работи за кои можеби не сте знаеле дека ги измислил Тесла, а кои ги пренесува „Хафингтон Пост“.
Тесла прв го демонстрирал далечинското управување во 1898 година, кога далечински го контролирал бродот во Медисон Cквер Гарден. Тесла наводно се надевал дека оружјето со кое се управува на далечина, еден ден ќе биде искористено од страна на CАД.
2. Роботи
Бродот на Тесла кој се управувал далечински се смета за еден од првите роботи. Тесла бил нарекуван „татко на роботиката“, така што можеме слободно да го сметаме за крив практично за се, од популарниот робот R2D2, па се до Google автомобилите кои сами се возат.
Никола Тесла го измислил електричниот мотор во 1888 година, а моторот кој денес се наоѓа во познатиот автомобил на струја на компанијата Тесла е директно негов потомок. Тесла во 1975 година, поради овој свој изум е сместен во Куќата на славните иноватори.
Овој изум на Тесла бил тема на многу дебати во почетокот на 20 век. Италијанскиот истражувач Гилермо Марчони тврдел дека он го измислил радиото, но вушност ја користел технологијата која Тесла ја патентирал како би го извршил првото радио емитување во 1901 година. По бројни дебати, Врховниот суд на CАД, во 1943 година, заклучил дека Тесла прв го измислил радиото.
Тесла всушност го измислил првото неонско осветлување. Неонските светла кои ги прикажал во 1893 година најверојатно потсетуваат на оние кои можеме да ги видиме денес.