Пет романи за вампири кои би можеле да те интересираа
Најпознатиот вампир на светот е грофот Дракула. Митот за него е телемен врз вистинска историска личност, грофот Влад III Цепеш, кој владеел со подрачјето на денешна Романија во 15 век.
Од првиот роман за вампирот гроф Дракула поминати се повеќе од 120 години, а популарноста на романите со вампирска тематика не опаѓаат ниту денес. Инаку, романот „Дракула“ е објавен во 1897 година, а го напишал ирскиот писател Брам Стокер и се смета за првиот готички хорор роман на светот.
За вампирите веќе многу научивме од „Twilight“, но на пазарот постојат уште многу романи за натприродните суштества, кои се осудени на бесмртност и вечно лутање низ светот. Во понатамошниот текст ќе ти претставиме 5 одлични романи со вампирска тематика кои би можеле да ти се допаднат.
# „Twilight“ - Стефани Мајер
Ова легендарно издание на романот чии што јунаци се многу поживи и поинтересни отколку во истоимениот филм. Љубовната приказна на Бел и Едвард го полуде светот, откако книгата се објави. Од првата страница ќе зарониш во еден необичен свет исполнет со омраза и љубов, неправда и храброст и нема да можеш да ја испуштиш книгата од раце.
# „Дракула“ - Брам Стокер
Заплетот на овој роман се случува во Трансилванија и Англија, а главниот лик е грофот Дракула. Џонатан Харкер доаѓа од Англија во оддалечениот дворец на грофот Дракула во планината Трансилванија. Дракула купува земја во Англија. Тука Џонатан станува практичен заробеник.
# „Salem's Lot“ - Стивен Кинг
Во необичниот град окован со силите на мракот, жителите почнуваат да се претвараат во вампири... Како и во многу други вакви градови - кои имаат свое мрачно минато - и во него има трајни озборувања, се случуваат чудни работи и живеат голем број чудаци...
# „Вампирските дневници“ - Л. Џ. Смит
Книгата го следи животот на Елен Гилберт, тинејџерка која се заљубува во браќата вампири, Стефан и Дејмон Салваторе. Сценариото се фокусира на животите на пријателите на Елен и останатите жители на измислениот град Мистик Фолс во Вирџинија. Оваа возбудлива приказна е микс на тинејџерска драма и натприродното.
# „Јас сум легенда“ - Ричард Матесон
2012 година е, а Роберт Невил е последен од човековиот вид. Три години претходно таинствена зараза усмрти милиони луѓе, а еден дел од нив се претвориле во зомбија и вампири кои сега може да живеат единствено во мрак. Роберт Невил за некое чудо останува имун на вирусот и преживува, но - како да живее во свет во кој нема луѓе од неговиот вид?