Петгодишно Даниела чека во судница на посвојување: Кога видела кој влегува низ вратата останала без зборови (ВИДЕО)

Петгодишно Даниела чека во судница на посвојување: Кога видела кој влегува низ вратата останала без зборови (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Уште како бебе, Даниела ја чувало згрижувачко семејство. Сега, во својата 5-та година, го дочекала моментот на посвојување, кога ќе добие ново, постојано семејство.

Овој ден бил многу посебен за малото девојче и нејзиното ново семејство, но набрзо станал уште помагичен, благодарение на социјалниот работник која добро ја познавала Даниела.

На нејзиното ново семејство му било кажано дека Даниела обожава принцези.

Во моментот кога новото семејство седело со Даниела во судницата, каде што требало законски да го официјализираат чинот на посвојување, некој влегол низ вратата.

Тоа била Снежана, од цртаниот филм на Дизни! - Даниела била воодушевена и блескала од среќа.

Судијата рекла дека „ова не е обично посвојување, туку посвојување на принцеза во семејството.“

Со Снежана влегле и многу други принцези, како и принцот. Судницата била шарена и полна со забавни ликови на Дизни.

Даниела блескала од радост! Згора на тоа, судијката и дозволила сама да го затвори случајот со удар на чеканот.

Ова мало девојче сигурно уште долго ќе го памети и никогаш нема да го заборави својот прв ден од новиот живот, во новото семејство!

Фото: Принтскрин
Извор: Lijekizprirode.com


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: