„Пишувањето поезија ме исполнува“: Филип Величковски млад и талентиран поет
Филип Величковски е млад и талентиран поет, има 16 години и е средношколец во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес. Како што ни откри тој ужива да чита, но и да пишува поезија. Филип има освоено многу награди за своето творештво, а еден ден како што вели сака да стане успешен писател и актер.
„Во слободно време пишувам поезија и проза, но посилна страна ми е поезијата. Имам освоено многу награди за моето творештво. Можам да кажам дека поезијата е она што ме исполнува. Инспирацијата ја наоѓам во вистината и реалноста го пишувам она што го гледам и чувствувам“, ни откри тој.
Со својата поема „Патувања“ го освоил првото место на конкурсот во Италија. „Во 2015 година имавме тема да пишуваме за патување, а потоа темата навистина се претвори во патување, бевме повикани во Италија во градот Трст“.
Во 2018 година, за денот на крвпдарителите го освоил прво место на тема Капка крв- живот значи.
Инаку Филип наскоро планира да ја објави и својата прва збирка поезија која веќе започнал да ја пишува. „Моите идни планови се да објавам барем една збирка поезија, во иднина се гледам себе си како успешен писател и актер.“, вели Филип.