Писмо до секоја девојка: Немаме ништо свое освен себеси
Се што те загрижува тебе, ме засега и мене, секогаш кога твојата насмевка бледее, јас се чувствувам како есента да ме засенила. Да, токму така! Сакам да те гледам како му се радуваш на дождот, како уживаш танцувајќи под полната месечина, како постојано се смееш и на најмалите шеги, ти ги посакувам сите убавини на листа, само болката да ја нема никаде.
Подобри денови секогаш доаѓаат. Начинот на којшто се справуваш со ситуациите што ти ги сервира животот е навистина херојски, само продолжи гордо напред, не плачи за никого.
Ако нешто те мачи, слободно кажи ми, а јас ќе направам се за да ти помогнам. Ако бараш совет, разговор, прво мене побарај ме, што и да се случува, само запомни дека јас сум само еден повик далеку од тебе.
Болката со која се соочуваш овие денови е мотив за да станеш посилна. Кога ќе имаш време, размисли за тоа како се преобразуваш во личност, која не само што знае што да прави со животот, туку знае и како да го живее. Сама си го избираш животот, сама ја превземаш и одговорноста. Секој што се обидел да те промени и прилагоди кон своја корист, веќе не смее да постои во твојот живот. Остани сама со своите соништа и со срцето, доволно нежно за да почувствуваш се, но и доста силно за да им кажеш на луѓето да си отидат од него, ако незнаат како да се грижат за тебе.
Ти ветувам дека ќе останам тука за тебе, под сите околности. Постојано да ја слушам твојта смеа. Остани ми среќна!