Плетените џемпери се задолжителни за зима: Оваа сезона особено доминантни се 5 стилови на пуловери
Што да облечете оваа зима?
Плетените пуловери се едно од главните зимски парчиња во сечија гардероба. Тие се топли, удобни и изгледаат добро! Па, како да не ги сакаме толку многу?
Некои од нив можеби веќе сте забележале дека се хит бидејќи ги има во сите продавници и веќе ги носат еден куп модни инфлуенсери. Особено голем тренд се…
1. Џемпери со испреплетени дезени
Тие крупни пуловери кои изгледаат како некој да ги направил рачно се хит. Тие обично ќе имаат некои испреплетени детали на нив - понекогаш повеќе, а понекогаш помалку изразени.
2. Со голи раменици
Можеби не е најдобрриот џемпер за многу студено време, но нема сомнеж дека е многу нослив оваа година. Изгледаат стилски и се голем хит.
3. Со бисерни детали
Без разлика дали имаат „бисери“ расфрлани низ или на друг начин се украсени со светкави детали, тие се во тренд. Иако некои модни експерти велат дека ваквите пуловери не изгледаат добро, многу девојки не би се согласиле.
4. Сива боја
Кога зборуваме за боите, онаа што се носи повеќе од вообичаено оваа година е сивата боја. Топлите зимски џемпери во сива боја изгледаат добро во сите комбинации!
5. На пруги
И конечно имаме класика. Џемперите со пруги редовно се враќаат секоја зима и никогаш не можете да погрешите со нив.
Извор: teen385.dnevnik.hr