По „Беовизија“, свадба: Која е снаата на Аца Лукас, која во недела ќе се ожени со неговиот син Лазар со кој очекуваат дете

По „Беовизија“, свадба: Која е снаата на Аца Лукас, која во недела ќе се ожени со неговиот син Лазар со кој очекуваат дете

Објавена во: Совети // Семејство

Вчера се одржа првата полуфинала вечер од изборот за песна на Евровизија 2022 во Србија, а веќе утре ќе се знае кој ќе ја претставува земјата на Евросонг годинава. 
Меѓу натпреварувачите е и Аца Лукас, кој влезе во финалето со песната „Оскар“, за која очекува победа, а интересно е што токму за утре беше планирана венчавката на неговиот син Лазар, која ја пролонгираа за недела, токму поради финалето на Беовизија.

Покрај тоа што ќе го жени синот, Аца Лукас ќе стане и дедо по втор пат, бидејќи Лазар и неговата партнерка очекуваат дете.

Лазар Вуксановиќ, постариот син на популарниот пејач Аца Лукас, на својот Инстаграм профил објави дека се верил со својата избраничка Ана со која е во врска неколку месеци.

Наследникот на фолкерот под фотографијата со Ана стави само емотикони со срце и прстен, па веднаш почнаа честитките од пријателите и кумовите.

 Инаку, Ана е бремена па Аца Лукас наскоро ќе стане дедо по втор пат. Тој веќе има едно внуче од најголемата ќерка, Миљана.

Сега во нивното семејство, за шести март се подготвува голема прослава. Парот ќе се заколне на вечна љубов пред Бога во црквата на Карабурма во присуство на родителите, кумовите и најблиските членови на семејството, додека свечената церемонија ќе се одржи во еден белградски ресторан.

- Со нетрпение го чекам тој ден и многу сум среќен за нив бидејќи навистина многу се сакаат - изјави Лукас за Курир.

Инаку, тие преку Вибер им испратија покани за свадба на гостите, каде што пишува дека венчавката е закажана за 5 март. Но, подоцна ги известија гостите дека се преместува за 6 март, бидејќи тогаш е финалето на изборот за српски претставник за Песна на Евровизија, фестивал на кој учествува и Лукас кој очекува победа.

Лазар Вуксановиќ до неодамна работеше како таксист во здружение во Белград, а сега ја промени професијата и работи како оператор во кол-центарот на една компанија.

извор:kurir.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: