По доминацијата на Греми, Били Ајлиш ќе пее на Оскарите
Апсолутната победничка на Греми наградите, тинејџерката Били Ајлиш е помеѓу изведувачите кои ќе настапат на сцената на 92 - то доделување на Оскари во недела, на 9 февруари 2020 година во Холивуд. Шоуто ќе се емитува во живо на ABC во повеќе од 225 држави и територии.
Пред неколку дена, таа влезе во историјата на најпрестижните музички награди како најмлад уметник со дури 5 награди.
Исто така, не може да не се истакне дека младата пејачка има уште една голема улога, а тоа е изведување на носечката песна за новиот филм Џејмс бонд. Били заедно со нејзиниот брат ја напиша оваа песна. Со ова се запиша како најмлад уметник во историјата што создаде и отпеа песна за некој Бонд филм.