По коментарот на Путин, Грета го промени описот на Твитер
По Доналд Трамп и Владимир Путин ја критизираше Грета Тунберг, но младата активистка за климата не му остана должна.
Како што го промени описот на Твитер кога му одговори на Трамп, истото го направи и сега и на рускиот лидер. Имено, рускиот претседател за време на заседанието на енергетскиот форум во Москва во еден момент посочи на страствениот говор на 16 - годишната девојка, велејќи дека не го „дели заедничкото возбудување“, и дека таа е „лошо информирана“, пренесува Indy100.
„Никој не и објаснил на Грета дека модерниот свет е сложен и поинаков и дека луѓето во Африка или многу азиски земји сакаат да живеат во истото богатство како оние во Шведска“ - продолжи тој. „Сигурен сум дека Грета е љубезна и многу мила девојка. Но, возрасните мораат да направат се за тинејџерите и децата не бидат доведени во некои екстремни ситуации“.
Коментаторите на социјалните мрежи воглавно не се импресионирани од неговите остри обиди за дискредитација на 16 - годишната активистка.
Наместо да му одговори на Путин, Грета го промени описот на Твитер. „Многу среќна, млада девојка која се радува на прекрасната иднина“ го промени со „љубезна, но слабо информирана тинејџерка“.
Ваквиот одговор веќе е заштитен знак на Грета, а екипата на Твитер ја поздравува нејзината реакција која стана вирална, пренесува Index.hr.