По раѓањето на ќерката: Хари и Меган се повлекуваат од јавноста
Поради преголемa медиумскa помпа по емитувањето на интервјуто што принцот Хари и Меган Маркл и го дадоа на Опра Винфри, двајцата решија да направат мала пауза на почетокот на летото.
На почетокот на летото, кога ќе им се роди второто дете, семејството ќе се повлече од јавниот живот некое време со цел, како што велат, да поминат квалитетно време заедно и да им се посветат целосно на децата.
Како што откри извор близок до принцот Хари и Меган за „Vanity Fair“, парот има намера ова лето целосно да излезе од јавниот живот, по раѓањето на нивната ќерка, и да помине квалитетно време со своите деца.
Тоа би значело дека 36-годишниот војвода, кој само што ја доби својата прва вистинска работа, ќе го прекине деловниот ангажман за некое време.
„Кога Меган ќе го роди своето второ дете, во текот на летото, и двајцата сакаат да бидат ослободени од сите обврски за да можат да поминат квалитетно време заедно веднаш штом ќе пристигне девојчето“, открил изворот.