По седум години пауза Пинк се враќа на музичката сцена!

По седум години пауза Пинк се враќа на музичката сцена!

Објавена во: Stars // Музика

По седум години, Пинк одлучи да ги израдува своите фанови и да се врати на музичката сцена.

Имено, пејачката изјави дека подготвува нов албум, кој ќе се вика „Hurts to Be Human“ и истиот ќе биде објавен во април.

„Снимам видео запис оваа недела и многу сум возбудена. Имам нова песна, „Walk me Home“, а албумот најверојатно ќе излезе во април“ – призна пејачката.

Последниот албум, „The Truth about Love“, Пинк го издаде во 2012 година, а беше номиниран и за Grammy наградите. Турнејата за промоцијата на албумот беше трета најсупешна турнеја во 2013 година, со заработка од 147.9 милиони долари од продажба на карти. Во Австралија албумот  беше 2 години на прво место на листата за најдобар албум, со што Пинк во претходните 6 – 7 години имаше албум кој беше на првото или второто место на оваа листа.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: