По стапките на мама: Ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски ќе ја претставува Македонија на фестивал во Малта
Најстарата ќерката на Јохан и Соња Тарчуловски, Мелани Тарчуловски своите вокални способности ќе ги претстави на фестивалот „Golden Voice 2020“. Тој оваа година ќе се оддржува на Малта, но поради целата ситуација со пандемијата, истиот ќе се оддржи онлајн.
На Јутјуб каналот на фестивалот е поставено видеото од Мелани. Оценувањето ќе трае до 4 јули, а победникот ќе се избере според бројот на позитивни коментари кои секој корисник на оваа платформа ќе може да ги напише под видеото.
Оваа вест ја споделија и нејзините горди родители на своите Фејсбук профили, кои не ја криеја среќата.
Како звучи наследничката на мама Соња, која исто така се занимава со музика, може да слушнете во продолжение: