По веста за разводот, Сталоне сподели семејни фотки: Среќен роденден на мојата посебна ќерка
Откако странските медиуми пишуваа за разводот на бракот Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин, познатиот актер сподели низа семејни фотографии на профилите на социјалните мрежи. Судејќи по описот, поводот бил роденден на нивната ќерка Софи Роуз.
„Среќен роденден, со задоцнување, на мојата многу посебна ќерка, Софи“ - напиша актерот покрај објавата, по што ќерка му веднаш му се заблагодари.
На фотографии, освен тој и неговата ќерка, се наоѓа и неговата наскоро поранешна сопруга. Флавин пред десетина дена поднесе барање за развод во судот во округот Палм Бич на Флорида. Џенифер во своето барање тврди дека нејзиниот споруг „учествувал во намерно исцрпување и трошење на брачниот имот“ и барала на Сталоне да му се забрани да го продава или пренесува имотот во текот на бракоразводната постапка.
„TMZ“ во меѓувреме извести дека двојката се разделила по бурната кавга околу кучето. Наводно, Сталоне кажал дека сака нов ротвајлер за да го заштити семејството, но Џенифер се противила на тоа. Тој тоа куче на крајот го земал и му го дал името Двајт, кое актерот го носи во серијата „Tusla King“. Тој објави и фотка со кучето, па порача: „Двајт, дефинитивно е мој вистински пријател. Продолжи да удараш и лаеш“.
Инаку, двојката судбоносното „да“ го кажа во 1997 година, а заедно се од 1988 година. Освен Софи, имаат уште две ќерки - Скарлет и Систин.
фото: Принтскрин / Инстаграм