По втор пат на евровизиската сцена: Атониа Гиговска ќе ја придружува Тамара!
Вчеравечер Тамара Тодевска премиерно ја објави песната со која ќе се претстави на Евровизија. На „Proud“ работеа Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветковски, а како автор на текстот се потпишува авторот Коста Петров.
Иако, песната и видео записот веќе ги слушнавме и видовме, младата пејачка Антониа Гиговска откри дека таа ќе биде дел од тимот. Имено, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од Тамара на која напиша дека таа ќе биде дел од тимот, односно дека по втор пат ќе застане на евровизиската сцена како пратечки вокал.