Почина 16-годишната обожавателка на Тејлор Свифт, која боледуваше од рак и на која пејачката ѝ подари шапка од турнејата „Ерас“ (ВИДЕО)
„Музиката на Тејлор донесе светлина во животот на Али“, вели Пети Гарнер Андерсон за нејзината 16-годишна ќерка, која почина во ноември откако живееше со рак на мозокот цели 5 години.
Пети Гарнер Андерсон секогаш ќе ја памети насмевката на лицето на нејзината ќерка Али пред концертот на Тејлор Свифт, на турнејата насловена „Ерас“ на 1 јули во Синсинати. Свифт танцувала на сцената кога во еден момент и приоѓа на Али и ѝ го подарилап познатиот шешир од нејзиниот костим „22“.
„Тоа неизмерно и го промени животот на мојата ќерка“,
вели Пети ексклузивно за „People“.
„Не сум ја видела Али толку да се смее и на тој начин долго време“.
Али, која живеела со рак од 2018 година, објави видео на TikTok од таа вечер на кое се гледа како стои во бањата и ја става капата на главата, а потоа ја става раката преку устата. „Што се случи“, напиша таа на видеото. Таа сподели уште едно видео на TikTok од моментот кога Свифт ја става нејзината капа на главата на Али.
„Нема зборови за да го опишам ова чувство. Веднаш знаев. Тејлор беше мојот прв концерт после толку многу години“, опишала Али во видеото.
Пети вели дека таа и Али биле големи обожаватели на Свифт. Кога Али имала 8 години, нејзиниот прв концерт бил на светската турнеја „Тејлор Свифт 1989 година“ во 2015 година.
Но, во септември 2018 година, кога имала 11 години, животот на Али се променил. Ѝ бил дијагностициран алвеоларен рабдомиосарком од 4 стадиум, редок карцином на меките ткива. Во текот на нејзината борба со ракот, Пети вели дека музиката на Тејлор постојано и носела светлина во животот.
Како и многу фанови, „таа го знаеше секој збор на секоја песна“, вели Пети.
Нејзината љубов кон музиката на Свифт беше очигледна. „Али слушаше музика кога сè тушираше, кога ја средуваше својата соба, кога возевме каде било“.
Али дури и направи тетоважа на левата подлактица со стихови од песната на Свифт, „The 1“: „И ако никогаш не крвариш, никогаш нема да пораснеш“.
Преку социјалните мрежи, Али пронашла врски со фановите на пејачката наречени „Свифти“ кои исто така се бореле со рак во детството. „Тоа ѝ даде бегство и чувство на припадност“, објаснува Пети.
Тоа е една од причините што таа ноќ во јули беше толку посебна за неа.
„Имавме можност да ја запознаеме мајката на Тејлор, Андреа на концертот“, вели Пети. „Не можевме доволно да и се заблагодариме што ја избра Али за да и го подари шеширот, но се надевам дека еден ден ќе ги сретнам Тејлор и Андреа за да им искажам колку таа ноќ и значеше за Али“.
@allysonnanderson no words to describe what it felt like to be pulled from my seats to the floor. i knew immediately. taylor was my first concert so many years ago. honestly such a full circle moment. #22hat #tserastour original sound - ally
По пет години борба со ракот, Али почина на 13 ноември на 16 години.
Мајката на Али го гледа значењето. „Како што знаете омилениот број на Тејлор Свифт е 13. Али почина на 13.11.23 во 13:40 часот. На 13-тиот ден во 13-тиот час“.
Од смртта на Али, нејзините пријатели и семејството почнаа да споделуваат видеа за Али на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин
Извор: People.com