Почина Драги Христов - Шпага: Не успеа да го победи карциномот

Почина Драги Христов - Шпага: Не успеа да го победи карциномот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

По кратко и тешко боледување почина Драги Христов - Шпага. Како што пренесуваат дел од медиумите, Драги се борел со карцином на белите дробови.

Инаку, Драги беше познат урбан градски лик во Скопје, а епитетот Шпага го доби бидејќи беше првиот македонски порно актер. Тој се стекна со популарност откако ќе стане главн машки  лик во филмската порно комедија: „Жена ми Мира пак масту*бира“, филм за возрасни кој ќе беше издаден и на видеокасета односно ДВД формат. Но, Драги Шпага потоа никогаш повеќе не ја повтори ваквата улога.

Од најблиските пријатели и семејството вчера беше испратен во неговото вечно почивалиште.

Имаше 52 години. Беше и победник во реалното шоу Тоа сум Јас, а периките беа негов заштитен знак.

Во ковид кризата Драги отворено зборуваше дека едвај преживеал.


ФОТО: Фејсбук официјален профил Драги Шпага


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: