Почина таткото на „Бушава азбука“, драматургот Горан Стефановски
Вечерва во Лондон, на 66-годишна возраст, почина познатиот македонски драматург Горан Стефановски.
Стeфановски во своето богато творештво ги има делата „Диво месо“, „Лет во место”, „Дупло дно” и „Тетовирани души”. Тој заедно со Слободан Унковски е авторот на емисијата „Бушава азбука“, детската ТВ емисија со која пораснаа многу генерации.
Всушност Стефановски и Унковски објавија дека работат на структура на сценариото за втор дел од култната емисија која за разлика од „Бушава азбука“ ќе биде ориентирана кон македонскиот јазик и неговата употреба и богатство, и евентуално, кон јазиците на заедниците. Се очекуваше текстот да биде готов до крајот на годината, а реализацијата да се случи во 2019-та.
Горан Стефанофски е добитник е на престижните награди: „Стале Попов“ , „11 Октомври“, двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата „Војдан Чернодрински“.
Горан Стефановски е брат на познатиот музичар Влатко Стафановски