Подарете му на вашето дете авантура за паметење: Центарот за едукација „Колорес“ со нови едукативни креативни работилници

Подарете му на вашето дете авантура за паметење: Центарот за едукација „Колорес“ со нови едукативни креативни работилници

Објавена во: Совети // School zone

Студените зимски и есенски денови, ве спречуваат да ги однесете вашите најмили во парковите, каде го трошат вишокот енергија. Нервозни сте од работа и не можете да му понудите забава во вашиот дом на детето, но не грижете се! 

Центарот за едукација „Колорес“ има одлично решение. Тие подготвуваат едукативни креативни работилници, за време на кои вашето дете ќе се стекне со нови знаење, ќе проба најразлични нешта, а кога ќе го земете дома, цело вечер ќе ви раскажува за новите авантури.

Работилниците започнат од 05.12.2022 година и ќе бидат на следните теми: Подготовка и декорација на Новогодишни колачиња, Магионичарска работилница со Гого Реквием, Лабораторија и експерименти.


Вашето дете, со име и презиме може да го пријавите во порака на Фејсбук профилот на Центар за едукација „Колорес“. Цената на една работилница е 500 денари, а во истата се вклучени и потребните материја за изработка.

Работилниците започнуваат од 05.12.2022 година и ќе траат од понеделник до четврток и ќе траат од 18:00 до 20:00 часот.

Во продолжение погледнете го целиот распоред на најавените работилници:

1. 05.12.2022 понеделник 

* Возраст од 3-6 години.

* Подготовка и декорација на Новогодишни колачиња.

2. 06.12.2022 вторник 

* Возраст 3-8 години 

* Магионичарска работилница со Гого Реквием.

3. 07.12.2022 среда 

* Возраст 3-6 години 

Лабораторија и експерименти.

4. 08.12.2022 четврток 

* Возраст 7-11 години

* Магионичарска работилница со Гого Реквием.

* ПР - објава

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: