Подготвен да седне во училишните клупи: Синот на Кајмакоски и Кристина ќе биде прваче (ФОТО)
И додека Даниел Кајмакоски ужива во улогата на татко, желба која по втор пат му ја оствари новата избраничка чие име не е познато во јавноста, синот Давид кој го има од првиот брак од септември ќе биде прваче.
Оваа вест на социјалните мрежи ја сподели Кристина, пејачката и модел, која му е поранешна сопруга на Даниел кој го запознавме од шоуто „Х фактор“.
„Се запишавме“ - напиша на Инстаграм Кристина, која сподели фотографија од синот кој е под нејзина закрила и за кој се грижи таа.
Пејачот неодамна по втор пат стапи во брак, со својата нова избраничка, а дека љубовта меѓу нив цвета, се доказ и фотографиите кои Даниел постојано ги постира на своите социјални мрежи.
фото: Принтскрин / Инстаграм