Подгответе се на визуелни промени на Инстаграм: Компанијата направи свој фонт
Инстаграм претстави големо „освежување на брендот“...
Инстаграм креираше сопствен фонт под назив Instagram Sans, кој доаѓа од различни подфонтови. Компанијата планира да го користи овој фонт во маркетинг, но и во самата апликација.
Instagram Sans е инспиран од логото на Инстаграм, соопшти компанијата, и ја одржува посветеноста за едноставност и вештина. Во основа, фонтот е инспириран од комбинацијата на квадрати и кругови, или „squircles“, како што ги нарекуваат од Инстаграм.
Поголемиот број облици на Instagram Sans се базирани на Sans Serif фонтовите, што има смисла за бренд со толку голема глобална и разновидна група на корисници.
Од Инстаграм наведоа дека работеле со лингвисти, за да се осигураат дека фонтовите ќе бидат прилагодени на што поголем број јазици, вклучувајќи ги и јазиците како јапонскиот и тајландскиот.
Наводно, овие фонтови на Инстаграм му даваат многу поинаков идентитет.
Инстаграм се надева дека корисниците ќе го испробаат Instagram Sans во разни верзии на функциите стори и Reels.
Изгледа дека Инстаграм од време на време ќе внесува нови фонтови во апликацијата и дека нема веднаш драстично да го промени изгледот на апликацијата. Во секој случај, немојте да се изненадите доколку видите дека нови фонтови се појавуваат на различни места во апликацијата.
фото: Инстаграм