Погледнал случајно во пластичната кеса на патот: Денес го сметаат за херој кој спасил невин живот
Новороденче пронајдено во пластична кеса издржа на ниски температури откако беше напуштено на една улица во Лондон. Но, фала на Бога, детето е безбедно и е вистинско чудо!
Тешко е да се замисли шокот кога ќе најдете новороденче оставено на улица. Но, токму тоа и се случило кога еден маж го шетал своето куче во источен Лондон.
Не е јасно што го поттикнло човекот да ја провери пластичната кеса која случајно била оставена на аголот на улицата. Можеби кучето го натерало да го направи тоа. Или можеби човекот забележал движење или слушнал плач. Како и да е, застанал да погледне.
Ѕиркајќи, мажот пронашол новороденче завиткано во крпа во пластичната кеса. Шокиран, тој веднаш повикал помош. Тогаш тој веднаш го зел малото девојче и се обидел да го стопли бидејќи температурите биле под нулата.
Докторите пристигнае точно на ввремеи успеале да го спасат бебето.
„Задоволство ми е да известам дека таа не е повредена на кој било начин, безбедна е и под грижа на болничкиот персонал“, објави главниот надзорник Сајмон Крик за медиумите.
Тешко е да се замисли што може да ја натера мајката да го остави своето новороденче во пластична кеса. Меѓутоа, полицијата сепак ја бара со надеж дека и таа ќе добие помош.
- Сега се молиме новороденчето пронајдено во пластична кеса да го добие животот каков што заслужува во дом со љубов.
Фото:facebook/screenshooot