Покрај Шведска никој немаше шанси: Што значат зборовите од песната и настапот со кои Лорен победи на Евровизија 2023?
„Tattoo“, големиот овогодишен хит во Европа очекувано ја однесе победата на Евровизија, а еве што сакала шведската пејачка да ни каже...
На 67-то издание на Евровизија, кое оваа година се одржа во Велика Британија, поради војната во Украина, земјата на минатогодишните победници, најмногу поени освои Шведска!
Пејачката Лорин победи со својата песна „Tattoo“, а освои вкупно 583 поени.
Затоа следната година најпопуларното музичко натпреварување во Европа ќе се одржи во Шведска, со што воедно ќе се одбележи и 50 години од победата на музичката група АББА на Евровизија.
Лорин уште во ноември 2022 најави дека по четврти пат ќе се натпреварува на националниот фестивал „Melodifestivalen“, за да се обиде повторно да ја претставува својата земја на Песна за Евровизија. Се претстави во февруари, а потоа го освои натпреварувањето, стана претставничка на Шведска за 2023 година и го зазеде првото место на сите топ-листи во својата држава.
Бидејќи веќе еднаш победи на Евровизија, веднаш стана прв фаворит.
Откако ја прашаа за нејзината песна во подкастот „The Euro Trip“, Лорин кажа:
„Па, дозволете ми да почнам така што ќе кажам дека тоа е таа песна, дека се заљубив во неа, почна со тоа“ - кажа пејачката, објаснувајќи дека почувствувала нешто штом ѝ пристигнала песната, и пред да притисне „play“ и да ги слушне нејзините тактови.
Инаку, и самата пејачка е потпишана како еден од тестописците, а следбениците на Евровизија велат дека иако „Tattoo“ потсетува на хитот „Euphoria“, тоа не е слична песна, но исто така создава состојба што наликува на транс и ги мами слушателите да го повторуваат истиот стих.
Што се однесува до самите зборови на песната, тие се однесуваат на простовањето од за скоро поранешната љубов во моментот додека врската се распаѓа. Како што додаде Лорин, таа во ги поврзува своите два евровизиски хита.
„„Euphoria“ беше зајдисонце и месечени, а „Tattoo“ е разденување“ - смета пејачката.
Најистакнатиот дел од сцената за време на настапот на Лорин беа двата LED екрани со величина 4*4 метри, од кои пејачката стои на еден, додека другиот ѝ виси над главата. Екраните се приближуваат еден до друг и се одалечуваат, а Лорин за целото време е помеѓу нив, на момент легната, на момент исправена, додека гледаме приказ до камења, песок и небо.
Како што самата кажа за „Wiwibloggs“, сценографијата е инспирирана од нејзиното номадско потеклом.
„Јас сум од планина, и чувствувам дека сакам да го создадам ова природно окружување. Дивите елемнти како камен, песок и небо, сите тие работи кои понекогаш ги забораваме...“ - истакна Лорин.
фото: Принтскрин / Инстаграм