Половина година не излегував од дома: По 17 години Северина проговори за видеото од јахтата

Половина година не излегував од дома: По 17 години Северина проговори за видеото од јахтата

Објавена во: Живот // Живот

Пејачката истакнува дека се соочила со бројни обвинувања поради видеана на кои била со тогашниот партнер, а многумина мислеле дека тоа го направила поради популарност...

Пејачката Северина Којиќ по 17 година реши да проговори на темата за која долго молчеше. Имено, станува збор за експлицитното видео од јата, објавено во 2004 година, а на кое е со тогашниот партнер Милан Личиќ. Многумина мислеле дека пејачката сама, поради реклама, го објавила видеото во јавност, но таа го демантираше тоа остро.

„Никогаш не сум барала мојата интимина да излезе надвор. Тоа беше голем шок. Тогаш дадов две интеревјуа по тој повод и тоа беше тоа. Беше тешко, но преживеав. Но, ете, беше забава тоа, а за некои е и денес. Па кога немаат што да кажат, тогаш ми го споменуваат тоа несреќно видео од бројот“ - зборува Северина.

Пејачката наведува дека ова биле многу тешки моменти за неа, кои успеала да ги препроди благодарение на своето семејство и пријатели.

„Но, мојата пријателка ме повика тогаш и ми кажа: „Мала, какви „пуњетари“ (сплитски израз за недораснати момчиња)? Кога онаа работа имала врска со моралот? Кој го измисли тоа?“ Пеки тогаш сакаше да ме насмее и ми рече: „Па не можеш да снимаш сѐ во еден кадар. Требало да прошараш...“ Арсен Дедиќ го започна телефонскиот разговор на следниот начин: „Колешке, слушам дека ви треба филмска музика?“ Мајка ми беше најпрецизна: „Ајде, ќерко, некогаш ќе се смее на ова“ И се смееме денес“ - наведе Северина.

Иако нејзините пријатели ова го свртеле на шега, како што вели пејачката воопшто не ѝ било пријатно поради ова и неколку месеци не излегувала од дома.

„Но, тогаш шест месеци не излегував од дома. Прво ме жалеа, а потоа ме обвинуваа дека тоа сум го направила поради популарност. Но, леб и игри... По рубриката „Забава и Шоу“ - заклучи пејачката во интервјуто за „Недељник“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: