Полското чудо од дете: Патот до успехот на 19 - годишната тенисерка што го освои „Ролан Гарос“

Полското чудо од дете: Патот до успехот на 19 - годишната тенисерка што го освои „Ролан Гарос“

Дојде, виде, победи. Без изгубен сет, доминантно. Како освојувањето на Грен слем да е најлесната работа во тенисот. Ига Швјонтек во Париз го запиша своето име во историјата, а има само 19 години.

Не крие дека Рафаел Нафал е нејзин идол Сепак, многумина и ги препишуваат квалитетите кои му помогнаа на Новак Ѓоковиќ да стане еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Менталната сила, решителноста и желбата да се докаже, заедно со безбедната игра и силните удари, на Ига и ја донесоа првата голема титула во кариерата. Всушност, првата титула во нејзината кариера.

До Ролан Гарос оваа година, таа играше само едно финале - во Лугано минатата сезона. Пред почетокот на единствениот Грем слем, таа беше поразена во првиот круг во Рим. Сепак, во Париз покажа каков потенцијал има и за што е подготвена. 

Таа стана првата Полјачка која освоила Грем слем. Во исто време, таа е најмладиот шампион на Отвореното првенство на Франција, уште од Моника Селеш во 1992 година.

„Секогаш сакав да ги освојам сите четири Грен слем турнири и да имам олимписки медал. Сега, кога го освоив Ролан Гарос, не ми изгледа толку нереално“ - призна Ига, без воздржаност и лажна скромност. 

„Некаде во себе, секогаш верував дека можам да направам големи работи“ - додаде.

Таа самодоверба ја стекна благодарение на нејзиниот татко Томас - поранешен веслач, кој учествуваше на Олимписките игри во Сеул.

Веднаш штом ги доби ќерките, Томас инсистираше да се занимаваат со спорт - првенствено индивидуален, пред тимски, за да си го одредат сопствениот пат. Постарата Агата прво избра пливање, а потоа премина на тенис. Ига го следеше нејзиниот пример.

Поради повредите, Агата брзо се откажала од спортот, па нејзиниот татко сите свои надежи ги насочи кон Ига. Притисокот со кој требаше да се справи таа од својата 12 - та година доведоа до фактот дека помладата од сестрите Швионтек на 15 години сакаше да го напушти тенисот. Нејзиниот татко тогаш ангажираше еден од најдобрите психолози во спортот, Дарија Абрамовиќ и сè тргна на подобро.

„Тешко е да се опише, но татко ми ме водеше до вистинскиот пат. Се чувствувам безбедно на теренот и тоа претежно е негова заслуга. Тој ми даде сè во животот. Го сакам“ - призна младата девојка.

Многу рано доби желба да докаже дека може да го победи секој противник.

„Не секој е роден со тоа. Нејзиниот татко заврши одлична работа со неа. Тој секогаш и велише - Дали изгуби? Штета. Утре ќе треба да одиш на тренинг. Дали победи? Одлично утре ќе одиш на тренинг.“ - рече тренерот Пјотр Сјеспутовски и додаде:

„Едно време не сакаше да тренира. Но, таа секогаш сакаше да се натпреварува. Денес, таа е секогаш подготвена, природно и е да се натпреварува и да се докажува.“

Од 2016 до 2018 година играше на ИТФ турнирите - освои седум титули од ист број финалиња. Како јуниор триумфираше на Вимблдон 2018, а истата година славеше во двојки на Ролан Харос.

Дебатираше на турнејата ВТА во 2019 година. Истата година го одигра своето прво финале. Во борбата за титулата во Лугано загуби од Палона Херцог во три сета. Благодарение на тој резултат, таа обезбеди место меѓу најдобрите 100 во светот. По Отвореното првенство во САД, таа ја заврши сезоната поради операција на стапалото. На завршната ВТА листа беше 61.

На теренот се врати на Австралија Опен, каде стигна до четвртиот круг. По паузата предизвикана од коронавирусот, таа стигна до третиот круг на УС Опен.

Пред почетокот на Ронал Гарос, таа беше 54 - та тенисерка во светот. Веќе во првиот круг, таа го победи финалистот од 2019 година, Маркет Вондрушов. Најголемото изненадување го приреди во четвртиот круг, кога со максимален резултат ја победи првата фаворитка Симона Халеп.

„По победата над Симона, мислев дека тоа е веќе моето најголемо достигнување. Навистина, немав никакви очекувања. На крајот на краиштата, навистина се обидувам да уживам во моментот. Далеку од тоа дека не ми е грижа дали ќе победам или ќе загубам, едноставно се фокусирам само на она што се случува во моментот“ - истакна Ига.

Таа ја освои титулата со победата над Софија Кенин. Го освои турнирот без да загуби сет, а на седум меча на ривалките им препушти само 28 гемови. Крис Еверт изгуби толку многу на патот до трофејот во 1978 година, а во историјата само Штефи Граф беше најмоќна во Париз, со 20 загубени гемови во 1988 година.

„Кога стигнав до меч топката, првпат го загубив фокусот на турнирот. Знаев дека сум навистина близу. Сепак, успеав да се сконцентрирам. Лесните решенија беа најдобрите решенија. Го направив она што ми го рече мојот тим. Им верував.“

Трофејот од Ролан Рагор и донесе напредот на 17 - то место, па стана најдобро рангирана тинејџерка на ВТА - листата.

„По финалето бев три дена во шок. Не можев да кажам како се чувствувам затоа што не ги разбирав моите емоции. Целосно ми се промени животот. Сега постојано морам да работам на постигнување добри резултати. Знам дека звучи чудно тоа што некој кој загубил во првиот круг во Рим, да освои Грен слем“.

Бидејќи покажа дека може да ги победи тенисерите од самиот врв, сега на Ига и остана да се избори со притисокот кој го носи Грен слем титулата.

„Верувам дека Ига може да направи многу. Никогаш не сум видел толку комплетен играч со толку малку години. Ме потсетува на Новак Ѓоковиќ. Ако не ја погодиш добро топката, тој ќе те казни. Истото е и со неа. Нема слабост во играта, нема. Добро се движи, силна е, ударите и се силни“ - процени легендарниот Матс Виландер.

Имајќи предвид дека нејзиното име во последно време се споменува заедно со оние кои се сметаат за легенди во спортот со кој се занимава, се очекува Ига да постигне голем успех.

Но, ова е приказна што сè уште се пишува. И таа ја започна на најдобар можен начин.

Извор: sportklub.rs


Можеби ќе ве интересира: