Поминијатурно бикини не сме виделе: Дуа Липа во хеклан костим за капење кој поради неа се распродаде за само неколку минути
Пејачката Дуа Липа се пофали со фотографии од летувањето на кои позираше во никогаш поминијатурно бикини...
Британската пејачка со албанско потекло Дуа Лупа (25) нема проблем да го покаже своето тело, а сега ги воодушеви и обожавателите со минијатурното бикини.
Имено, Дуа на Инстаграм објави неколку фотографии на кои позира во хеклано жолто - шарено бикини, кое повеќе открива, отколку што покрива.
Горниот дел е толку тенок што едвај ги прекрива нејзините гради, со оглед на тоа дека поголемиот дел од облините видлив, а брадавиците ги покриваат интересни цветови. Шокантно е тоа што на десната страна се гледа лист од марихуана.
Долниот дел од бикините е исто така интригантен и едвај го покрива интимниот дел од телото.
Под овие атрактивни фотографии кои имаат скоро 6 милиони лајкови на Инстаграм, постојано пристигнуваат нови коментари.
Инаку, костимот за капење што го носи познатата пејачка се вика „хеклани бикини“ и е достапен само преку Интернет. Целиот костим е изработен со хеклање, освен жолтата лента која е изработена од ликра. Цената на костимот за капење е 279 долари, и истиот веднаш беше распродаден.