Помладата ќерка на Марко Јариќ и Адриана Лима избра страна: Еве што мисли за својата мајка и новиот очув (ФОТО)

Помладата ќерка на Марко Јариќ и Адриана Лима избра страна: Еве што мисли за својата мајка и новиот очув (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Помладата ќерка на Марко Јариќ во текот на викендот беше на посета кај својот татко...

Прославениот поранешен кошаркар Марко Јариќ во слободно време најмногу сака да биде во друштво на своите наследнички Валентина (13) и Сиена (10), но таа желба често му ја комплицира фактот што веќе неколку години е разведен од нивната мајка, Адриана Лима и не ги гледа онолку колку што сака. Затоа со радост, на социјалните мрежи сподели дека викендов неговата помлада ќерка му била во посета и дека поминале квалитетно заедничко време.

Помладата ќерка на Марко Јариќ престојуваше кај својот татко во текот на викендот, а на видеото кое кошаркарот го сподлеи не се гледа дали таму била и постарата ќерка Валентина. Она што можеме да го видиме е дека со 10-годишната Сиена играат „Монопол“, а едно нешто од тоа видео им ги привлече вниманието на сите.


Имено, Сиена неверојатно многу личи на својот татко, што беше и првиот впечаток на многумина откако видоа како изгледа денес девојчето. Марко неодамна купи голема куќа во Белград, каде планира да поминува повеќе време со своите девојчиња, со цел малку подобро да ги запознае со нивното српско потекло. Според она што го пишуваа порано медиумите, ќерките на Марко многу ја сакаат српската престолнина и со задоволство ја посетуваат. 

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: