Популарноста ги однесе во погрешен правец: Пороците на Дизни ѕвездите
Ситуацијата со Деми Ловато не поттикна малку да истражиме и да видиме кои поранешни Дизни ѕвезди потклекнаа пред тежината која ја носи популарноста со која се соочија уште како деца.
Деми се проби со улогата во детското ТВ шоу „Barney and Friends“, а потоа Дизни ја зеде под своја закрила. Го глумеше ликот на Шарлот Адамс во серијата „As The Bell Rings“, потоа во „Sonny with Chance“ и во филмот „Camp Rock“, во кој низ ликот на пејачка во подем ги покажа своите извонредни можности.
По сето ова таа објави многу хитови и албуми, а стана и член на жирито во популарното талент шоу Х - фактор. Деми никогаш не криеше дека има проблеми со психичкото здравје и дека се бори со зависноста. Зборуваше и за врсничкото насилство кое го доживеала, биполарното пореметување со кое се бори низ годините, како и за зависноста од алкохолот и разните дроги, поради што во 2010 година беше во клиника за рехабилитација.
Шест години беше чиста, а потоа со најновата песна „Sober“ откри дека повторно се вратила на старите пороци.
За време на својата кариера соработуваше со многу други Дизни ѕвезди, од кои дел исто така се бореа со внатрешните демини.
# Мајли Сајрус
Мајли Сајрус е една од најголемите ѕвезди на Дизни, која од самото детство беше под огромен притисок на јавноста. Таа во 2005 година се прослави со улогата на шоуто на Дизни „Хана Монтана“, каде глумеше со нејзиниот татко Реј Били Сајрус.
— Miley Ray Cyrus (@MileyCyrus) July 5, 2018
Серијата имаше 4 сезони, до 2011 година, а Мајли постигна светска слава. И таа, како своите колеги од Дизни, истовремено заплива во музичките води и издаде неколку албуми.
Во доцниот пубертет почна отворено да зборува за експериментирањето со разни дроги и зависноста од алкохолот. Во 2015 година, кога имаше 22 години, беше објавена нејзината прва фотографија на која се гледа марихуана на масата и бел прав со замотана банкнота. „Јас корисам само среќни дроги, тоа се дроги поради кои сакаш да се дружиш со луѓето“ - кажа Мајли во една прилика.
Во 2017 година изјави дека е потполно чиста и дека дрогата и алкохолот ги оставила зад себе, бидејќи и недостасувало чувството за јасност.
# Селена Гомез
Кариерата на Селена Гомез започна исто како на Деми Ловато, во серијата „Barney and Friends“, а Дизни во 2007 година ја ангажираше да го глуми ликот на Алекс Русо во серијата „Wizards of Waverly Place“, која се емитуваше 5 години. Се појави и во „Хана Монтана“, како и во популарната серија „The Suite Life od Zack and Cody“. Глумеше и во „Princess Protection Program“, филм на Дизни од 2009 година. Потоа сериозно се насочи кон музиката, каде објавуваше само хитови, а вниманието дополнително го привлече со турбулентната врска со Џастин Бибер.
Иако на многумина нејзиниот живот им изгледа совршен, Селена долги години се бореше со нападите на паника, анкциозност и депресија. Заболе и од лупус, поради што во 2016 година се повлече од јавноста и престојуваше во приватна клиника. Таа во слична приватна клиника била и две години пред тоа, наводно исто така поради лупус, но изворите блиски до нејзиното семејство тврдеа дека пејачката и актерка имала проблеми со марихуаната.
Често зборуваше и за незадоволството во својот изглед. Во 2017 година заврши на трансплатација на бубрег.
# Бритни Спирс
Иако многумина го имаат заборавено тоа, Бритни Спирс својата кариера ја започна во шоуто на Дизни „The Mickey Mouse Club“. Таму во 1993 година, настапуваше со Џастин Тимберлејк (со кој подоцна беше во врска) и Кристина Агилера.
Бритни подоцна оствари музичка кариера и ја доби титулата поп принцеза, па ретко кој ја доживува како поранешна ѕвезда на Дизни, но таа е токму тоа. Раниот допир со популарноста влијаеше на нејзиниот приватен живот. Во 2007 година, доживеа нервен слом и ја избричи главата, а потоа привремено го изгуби старателството над своите два сина. Нејзиниот татко од тогаш до денес има потполна контрола над сите нејзини деловни одлуки.
# Кристина Агилера
Со Бритни во Дизниевиот „Mickey Mouse CLub“ беше и Кристина Агилера, која подоцна стана нејзина најголема конкуренција. Во 2011 година започна да зборува за нејзините проблеми со алкохолот, поради што пријателите ја молеле да замине на рехабилитација, што таа никогаш не го направи тоа.
Во 2011 година е уапсена поради опивање на јавно место, а во тоа време имаше и неколку проблематични јавни настапи, како оној кога се засопна на Греми наградите. Едно време се бореше и со прекумерната тежина.
# Зек Ефрон
Омиленото холивудско моче, Зек Ефрон на почетокот на 2013 година заврши на рехабилитација поради зависноста со алкохол и кокаин, што шокираше многумина, бијдеќи тој во јавноста секогаш оставаше впечаток на мирно момче кое не влегува во проблеми. Овој денес 31 - годишен маж се прослави со улогата во франшизата на Дизни „High School Musical“, која се емитуваше од 2006 до 2008 година. Таму ја запозна Ванеса Хаџенс со која долго беше во врска. Кариерата ја започна уште порано, на почетокот на 2000 - тите.
Наводно не конзумирал алкохол ниту дрога од јули 2013 година, односно откако ја напуштил клиниката за рехабилитација. Во 2014 година се тепаше со бездомник, но полицијата не го уапси, бидејќи заклучила дека станува збор за „меѓусебна борба“.
# Ванеса Хаџенс
Не се само зависноста и психичките проблеми она што негативно им го одбележа животот на младите ѕвезди на Дизни, а Ванеса е вистински пример за тоа. Неа засекогаш ќе ја следи скандалот со голите фотографии, кои се појавија во јавноста во 2007 година, а потоа и во 2011 и во 2014 година.
По овој настан, како ѕвезда на Дизниевиот „High School Musical“, мораше јавно да се извини и да изјави дека „жали што некогаш се фотографирала така“. Никогаш не се открило кој ги пуштил фотографиите во јавност, но кариерата на Ванеса почна да оди во надолна линија.