Популарната тин серија за секс која даде некои корисни лекции: Овие 7 не е лошо да ги запаметиш
Доколку сѐ уште ја немате погледнато „Sex Education“ време е да го направите тоа...
Оваа серија е полн погодок! Со оглед на тоа дека многу прашања за сексуалните односи и општо за сексуалноста не се учат на училиште, како учениците од оваа серија, младите во вистинскиот живот се снаоѓаат на различни начини да ги добијат одговорите на прашањата кои ги мачат. „Sex Education“ освен што е серија која нуди забава, учи и на многу важни лекции на оваа тематика. Овие 7 немој никако да ги заборавиш:
# Проблемот со постигнувањето на оргазмот е вистински проблем
Вистински проблем со кој може да се соочат момчињата, а во серијата го имаше Адама додека беше со Ејми, е дека не можеше да има оргазам за време на сексот, затоа беше премногу загрижен и анксиозен околу тоа како ќе се покаже. Ова не е ништо необично, ниту ненормално и може да му се случи на секој, особено доколку има односи за првпат или долго немал односи. Не е причина за грижа, само треба да се обидеш да се опуштиш.
# Машко - женските пријателство не мора секогаш да водат кон нешто повеќе
Пријателствата со спротивниот пол или со полот кој те привлекува се нешто што постои, ваквите односи не мора секогаш да водат кон нешто повеќе. Дури иако си со некој во супер односи како пријател, кога би биле заедно, не значи дека вашата врска би успеала. Иако пријателството е важен темел за врска, не гарантира дека добрите пријатели ќе имаат и успешна врска.
# Предрасудите и хејтот кон ЛГБТ заедницата е вистински проблем низ целиот свет, па и кај нас
Не мораш да ги поддржуваш истополовите врски и трансродните личност, но тоа не значи дека можеш физички и вербално да ги напаѓаш или навредуваш. Тебе тоа не ти е нормално? Можеби на другите не им е нормално нешто што ти го правиш! Толеранцијата е основа на цивилизираното и модерното општество, немој да бидеш заостаната личност која не гледа подалеку од својот нос. Доколку некој не ти одговара, тргни се од него и тоа е тоа, проблемот е решен. На Ерик во серијата овој проблем му е добро прикажан и последиците што ги остава на личноста.
# Пред да се впуштиш во сексуални односи, треба сама да откриеш што ти одговара, а што не
Проблемот кој го имаше Ејми го имаат и многу други девојки. За да знаеш каков секс сакаш и како да ти биде што подобро со момчето, прво треба сама да откриеш што ти одговара, а што не. Доколку не знаеш, потешко ќе ти биде да дојдеш до оргазам, но и помалку ќе уживаш во сексот.
# Доколку некој ти каже „не“, било кога, тоа значи дека сѐ застанува тука - без да се потпрашува
Не е важно колку далеку сте стигнеле со момчето, колку блиску сте биле до тоа да имате секс, доколку се имаш предомислено, во било кој момент можеш да кажеш „не“ и тука да застане сѐ. И тој тоа треба да го прифати. Истото е и кога ситуацијата е обратна. „Не“ значи „не“, никој не си игра дека е недостижен.
# Стравот дека ќе останеш последна во друштвото која сѐ уште немала секс не е нешто што може да ти се случи само на тебе
Ова е многу честа ситуација. Првиот секс се гледа како нешто што треба да се „заврши“ во средно, бидејќи тоа е отприлика времето кога поголемиот број девојки ја губат невиноста, а ако ти сѐ уште не си ни близу до тоа, можеш да имаш чувство дека доцниш или дека нешто со тебе не е во ред. Важно е секогаш да знаеш дека нема вистински тајминг кога треба да ја изгубиш невиноста и сѐ зависи од тебе и тоа како се чувстуваш.
# Праксата прави чуда
Никој не знае сѐ. Некогаш треба да се информираш за работите или едноставно да вежбаш како да бидеш подобар/подобра во нешто. Исто е и со сексот и сите останати активноста во врска со оваа тематика. Немој да се срамиш затоа што немаш искуство или нешто не си правел никогаш, тоа не е нешто за што треба да се грижиш, а момчето или девојката сигурно нема да те осудуваат доколку им признаеш.