Популарниот фотограф Душан Петровиќ заразен со Ковид-19: Сами сме во ова, пазете се!

Популарниот фотограф Душан Петровиќ заразен со Ковид-19: Сами сме во ова, пазете се!

Младиот фотограф и sвезда на социјалните мрежи, Душан Петровиќ, во средината на јуни објави дека се заразил со коронавирусот, и иако е млад, тој тешко ја поднесува битката со вирусот.

Четири дена откако објави дека се заразил, Душан, изнервиран од коментарите, остави порака во која рече: „Срам да им е на сите што можат да помислат, а камоли да напишат дека некој лаже дека има корона, и дека сега тоа е во мода! Веќе четврти ден лежам во болницата, на инфузија... ” Три дена подоцна, тој повторно се јави на социјалните мрежи, велејќи дека ќе мора да остане во болницата уште девет дена, и рече дека го чека голема психолошка борба.

 Душан деновиве повторно се обрати на својот Твитер профил:

Tој изјави дека ова искуство го научило да ги промени своите приоритети во животот и дека ќе го стави своето здравје на прво место. Вели дека Ковид-19 буквално му направил пекол од животот, и вели дека мора да се грижиме за себе, бидејќи сме сами во ова! 
„Проживеав пекол со коронавирусот... Сами сме во ова! Сами! Ве молам пазете се, не излегувајте, носете маски, мораме да се чуваме!“ - е дел од твитот на фотографот Душан.


извор: famoza.net

Можеби ќе ве интересира: