Поради Канје: Твитерџија ја моли Тејлор да се кандидира за претседателка на САД
Тејлор Свифт многу често користи најлоши термини за да го опише американскиот претседал Доналд Трамп, но за неа постои и нешто полошо од тоа - победата на Канје Вест на изборите! По најавата дека Канје ќе се обиде за четири месеци да завладее со Америка, обожавателите на Тејлор, сега ја молат пејачката и таа да се вклучи во трката!
Иако некои сметаат дека Канје сево ова го прави за дополнително да добие на промоција, музичарот е познат по тоа што работите ги сфаќа премногу сериозно, па така нема сомнеж дека во својата глава мисли дека може да победи. Канје за кандидатурата зборуваше уште пред половина деценија, но оваа најавак сепак е изненадување, бидејќи се објави многу доцна, со оглед на тоа што изборите се закажани за во ноември. Сепак, фактот дека ниту на Доналд Трамп никој не му даваше шанса пред четири години, ги уплаши обожавателите на Свифт кои бараа реакција од својот идол!
<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="en" dir="ltr">if kanye is running for president can Taylor Swift please also run for president? <a href="https://twitter.com/taylorswift13?ref_src=twsrc%5Etfw">@taylorswift13</a> WE NEED YOU RIGHT NOW.</p>— M (@mieeeee00) <a href="https://twitter.com/mieeeee00/status/1279735649743011840?ref_src=twsrc%5Etfw">July 5, 2020</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>
Додека едни сметаат дека Тејлор треба директно да се вклучи во борбата, други на шега истакнуваат дека противникот на Трамп, Џо Биден би требало да ја ангажира како идна потпретседателка на Америка! Она што не го знаат обожавателите е дека Тејлор не може да биде претседателка и да сака. Имено, американскиот закон истакнува дека личноста која ќе се кандидира за таа функција мора да има минимум 35 години. Тоа значи дека Тејлор не може да се вклучи во оваа борба пред 2028 година.