Поради оваа контроверзна куќа децата скокаа во бунар: Ќе занемете кога ќе видите како сега изгледа домот на Телетабиси
Телетабисите
беа составен дел од воспитувањето на многу деца. Затоа многумина се изненадија
што ридот кој беше покриен со
трева, односно куќата во која живееле Тинки Винки, Дипси, Лала и По, денес е езеро.
Розмари Гардинг, сопственичката на земјиштето во Вимпстон Ворвикшир каде се наоѓаше сетот на Teletubbies, како што пренесува „Lad Bible“, изјавила дека многу обожаватели на серијата постојано доаѓале со намера да се фотографираат.
„Ни беше доста од многу луѓе кои влегуваа во имотот, скокаа преги оградата, газеа по полето и се обидуваа да ја видат оваа осамена област“, рече таа.
Таа спомна и како луѓето ги прескокнувале оградите и оделе низ полињата за да стигнат до своите дестинации.
„Сега е под вода една деценија и се е полно со диви животни. Тоа е нашиот дом“, додаде таа, додавајќи дека сега жителите овде уживаат во мирен живот, што не било случај кога порано се снимаа „Телетабиси“.
Да потсетиме, оваа играна серија за деца беше забранета во некои земји пред речиси 20 години бидејќи децата, привлечени од активностите на главните актери на оваа анимирана програма, почнаа да скокаат во бунари, а и често родителите ги носеа на психијатар.
Фото: screenshoot