Поради ТикТок тренд си го уништи лицето: Наместо совршен тен, доби изгореници и лузни и заврши во болница (ФОТОГРАФИИ)
Тили Витфелд по страшното искуство има само една порака за сите!
Ѕвездата на австралискиот „Big Brother“, Тили Витфелд, целосно си го уништи лицето со „трик“ за убавина што го најде на Тик Ток. Таа објасни дека поради тоа завршила во болница.
„Вака изгледаше моето лице само една недела пред да влезам во шоуто, а сега ставам многу шминка или ставам маска од глина за да прикријам“, напиша студентката покрај фотографијата на која е со лицето цело со црвени лузни.
Таа имаше проблем со акни од кои се обидуваше на секој начин да се ослободи. На Тик Ток, таа го најде советот за убавина на девојка која тврдеше дека знае како да се ослободите од мозолчињата на лицето и советуваше сами да правите акупунктура дома, Тили одлучи да го направи тоа. Се покажа дека тоа е најлошата одлука што можела да ја донесе.
Веднаш по „третманот“, таа заврши во болница со отоци и изгореници на лицето, а привремено и целосно го изгуби видот.
По ова морничаво искуство, таа имаше само едно да им каже на своите следбеници:
„Не слушајте совети кои препорачуваат да направите нешто дома сами,а што треба да го прават експерти во салони“, вели Тили, која сега жали што некогаш сметала дека советите од Интернет ќе бидат корисни.
ФОТОГРАФИИ:
извор:stil.kurir.rs