Поради видеото од мачка и бебе плачат милиони корисници на ТикТок: „Не можам да верувам...“
Секој сопственик на домашно милениче се грижи за тоа како неговите животни ќе реагираат на новороденчето во куќата, па многумина прибегнуваат кон навикнување на кучињата и мачките со бебињата уште додека се во утробата и им дозволуваат да ги намирисаат работите наменети за бебето.
Тоа ги загрижило родетелите на Оливија кога излегле од болница со бебето, бидејќи нивната мачка Џулс била единствениот миленик во семејството до тој момент. Целата сцена решиле да ја овековечат, а истата по самото објавување стана вирална.
Таткото на Оливија најпрво ја спуштил носилката со бебето на под, додека Џулс лазела помеѓу неговите нозе, а мачката едвај чекала да го откријат бебето за да го помириса.
Се исправила на задните нозе и се спуштила, внимателно душкајќи го малото девојче, дури и дала и неколку бакнежи, а веќе во следната сцена се гледа дека таа ќе ѝ биде вистински заштитник.
Родителите напоменуваат дека Џулс и Оливија се поврзани со чиста врска, бидејќи се родени на ист ден.
@romydepraetere Meeting between baby and cat #newborn #newbornbaby #cat #catsoftiktok #britishshorthair #loveatfirstsight #babygirl Coming Home(2020) - 笑匠&音源&十八闲客
фото: Принтскрин / ТикТок